| Оддржана седница на Комисија за финансирање, буџет и ЛЕР |
| Петок, 18 Ноември 2011 15:21 | |||
|
Исто така усвоена е одлуката за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Штип за 2011 година по што се пристапи кон рагледување на програмата за работа на Дом на млади Штип во 2012 година., која исто така беше усвоена. Прифатено е барањето од ООУ „Ванчо Прќе„ Штип за финансиски средства за промена на оштетената електрична инсталација и барањето за реализација на програмата за ран детски развој во учебната 2011/2012 година. Советниците го усвоја и локалниот акционен план за спречување на секаков вид на дискриминација за период 2011-2012 година и програмата и барањето од Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост за финансиска помош за одбележување на 3-ти Декември, Светски ден на лицата со посебни потреби. Не беше усвоено само барањето за финансиска поддршка за реновирање на Манастирот „Свети Пантелејмон„ село Брест Штип.
|