Дома Настани „Ден на дрвото“ - Штипјани засадија над 20.000 садници
„Ден на дрвото“ - Штипјани засадија над 20.000 садници
Четврток, 24 Ноември 2011 10:42

den-na-drvoto-23112011-1Масовен одзив на акцијата „Ден на дрвото“ во Штип. Кај месноста Калимерово, штипјани денес продолжија да ги пошумуваат голините околу градот. За денес беа обезбеднеи над 20.000 садници, црн бор. Во акцијата учествуваше и градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов, придружуван од Заменик Министерката за животна средина, Соња Липиткова. Градоначалникот Алексов изјави:

- Ова е ден кога можемеden-na-drvoto-23112011-2 директно да и се оддолжиме на природата и да дадеме личен придонес во овозможување на услови за идните генерации да имаат почист воздух и поубава природа. Лично мислам дека акцијата е успешна и штипјани во изминатите акции со својата масовност покажаа поддршка на оваа Владина акција.

Заменик Министерката Липиткова, оцени дека акцијата е на ниво што говори за високата свесност на луѓето за екологијата:

den-na-drvoto-23112011-3- Одлични услови за садење на нови садници, поволно време и пред се многу луѓе. Мило ми е што граѓаните на Штип даваат висока поддршка на акцијата ден на дрвото која ја спроведува Владата на Македонија во континуитет. Постојат локации каде што успешноста на засадените дрва е над 50%, а некаде и многу повеќе, што јасно говори дека во иднина ќе имаме поубава животна средина.

Алексов и Липитковаden-na-drvoto-23112011-4 исто така се потпишаа и во книгата „Писмо на љубовта, почитта и пријателството – засади мир, пријателство и љубов“.

Акцијата ја поддржаа и вработените во локалната самоуправа, директорите на јавните претпријатија, советниците, пратениците и ученици од основните и средните школи.

den-na-drvoto-23112011-5Инаку мотото на годинашнава акција е „Садиме денес - пишуваме и праќаме писмо на мирот“. Во осмата акција на 400 локации беа засадени 5.700.000 садници, а во изминатите седум акции засадени се 38 милиони стебла, а со оваа вкупно се насадени околу 44 милиони садници.

Водечкиот настан на кампањата е „Писмото на љубовта, почитта и пријателството - засади мир, пријателство и љубов“.

Писмото,кое граѓаните го потпишаа во тетратки по одржувањето на акцијата ќе бидат испратени до Обединетите нации и до Европската комисија.

Првата акција „Ден на дрвото - засади ја својата иднина!“ беше спроведена на 12 март 2008 година кога беа засадени два милиона дрва.

den-na-drvoto-23112011-6den-na-drvoto-23112011-7den-na-drvoto-23112011-8

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Mostly Cloudy Mostly Sunny Showers
12°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер