|
Четврток, 24 Ноември 2011 14:58 |
|
Денес во Штип, во организација на Здружението на даватели на комунални услуго „Ад-КОМ“, се оддржа презентација на ЈП „Исар“ од Штип за изработка на елаборатот за црпење на подземни води и нивно искористување.
На презентацијата која ќе се оддржи во големата сала на Советот на Општина Штип учествуваа претставници на околу 30 комунални претпријатија од Македонија.
Ваквиот елаборат пред извесно време директорот на ЈП Исар, Никола Мицевски го претстави пред штипската јавност.Студијата која во јуни месец беше претставена на штипјани ја изработи „ГТИ„ консултантска куќа ангажирана од донаторот ГТЗ во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.
Студијата се однесуваше на Штип, Битола и Ресен кои имаат зони кои треба да се заштитат при ископите кои претпријатијата ги правата за црпење на вода. Денешната презентација беше токму во функција на поддршка на другите комунални претпријатија низ Македонија, да добијат информации за законската обврска која што ја имаат за подготвување на ваква студија, како и помошта која ЈП „Исар“ може д аим ја даде, со оглед дека е меѓу првите ЈП-а кои имаат ваква студија.
|