| Оддржана седница на Совет на Општина Штип |
| Понеделник, 28 Ноември 2011 10:27 | |||
|
Усвоена е Предлог-Одлуката за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Штип за 2011 година како и кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Штип за 2011 година за период од 01.01. до 30.09.2011 година. Советот го прифати и планот на програми за развој на Општина Штип за периодот 2012-2014 година по што ја усвои предлог-одлуката за одобрување на финансиски средства на ООУ „Ванчо Прке“-Штип и на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“-Штип. Прифатена е и предлог-одлуката за реализација на програмата „Ран детски развој во учебната 2011/2012 година која веќе неколку години наназад успешно се спроведува. Советниците го усвоија и извештајот за работењето на ЈП „Исар“ - Штип по Програмата за одржување на јавната чистота за период од 01.07.-30.09.2011 година и извештајот за работењето на ЈП „Исар“-Штип за период од 01.07.-30.09.2011 година. Потоа се дискутираше за извештајот за реализација на Програма за уредување на градежно земјиште, на подрачјето на Општина Штип за период од 01.07.-30.09.2011 година и извештајот за реализација на Програма за изградба и одржување на локални патишта и улици, на подрачјето на Општина Штип за период од 01.07.-30.09.2011 година. Прифатена беше и информацијата за состојбата на локалната патна мрежа во Општина Штип по што следеше разгледување на извештаите за 2010/2011 година и програмите за работа за 2011/2012 година на СОУ „Коле Нехтенин“, на ОЈУДГ „Астибо“ и ЈУДОДГ „Вера Циривири Трена“. 18-та точка на дневниот ред беше програмата за работа на Дом на млади - Штип во 2012 година, која исто така беше усвоена како и предлог-програмата за активностите на Општина Штип од областа на културата за 2012 година.
Усвоен е и извештајот за реализацијата на Штипско културно лето 2011 а дадено е зелено светло и за Локалниот акционен план за спречување на секаков вид на дискриминација за период 2011-2012 година и на Локалниот акционен план за лица со инвалидност 2011/2018 година. На крајот следеа советнички прашања.
|