|
Понеделник, 28 Ноември 2011 10:54 |
|
По повод 20-ти ноември „Светскиот ден на детето“, Општина Штип во соработка со Првата детска амбасада „Меѓаши“, со цел да им даде поддршка на ранливите групи на деца, во зградата на локалната самоуправа оддржа работилница за новинари и техничари кои известуваат за локалните и државните медиуми од Општината Штип.
Тема на работилницата беше запознавање на медиумите со нацрт кодексот за новинари и медиуми кога предмет на прилогот се ранливи групи на лица односно деца со инвалидност, деца жртви на семејно насилство, жртви на педофилија, трговија со луѓе, пристап во случај на питачење итн.
На работилницата која траеше околу 90 минути, со цел запознавање со овој нацрт кодекс за новинарите, зборуваше Драги Змијанац. Тој се обиде да го приближи кодексот преку соодвенти ТВ приказни објавени на националните телевизии во кои се кршат основните принципи на заштита на идентитетот на децата, нивните родители без оглед дали тие се виновни за нивната состојба. Општо е укажано дека информирањето во локалните медиуми за случаите на педофилија или злоупотреба на деца е согласно Законските прописи и беше потврдено дека локалните медиуми имаат висок степен на разбирање на ваквите случаи, настојувајќи да ги заштитат децата од сензационализам и јавност пред ТВ камерите.
Учесниците на работилницата од страна на општина Штип ќе добијат соодветни благодарници за учеството со кои се потврдува дека ги имаат потребните знаења за известувања за начин на известување за деца од ранливите групи.
     
|