Дома Настани Заврши саемот на општините „Зелс експо“
Заврши саемот на општините „Зелс експо“
Понеделник, 28 Ноември 2011 15:47

saem-na-opstini-28112011-1Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија-ЗЕЛС, на 25 и 26 ноември, 2011 година го организираше шестиот по ред Саем на општините - ,,ЗЕЛС ЕКСПО 2011”.

Носечка тема оваа година беше ,,Локален економски развој и можностите на општините во Република Македонија”. saem-na-opstini-28112011-2На саемот самостојно се претставија речиси половина од општините во Македонија а новина беше што овој пат општините од Источниот-плански регион имаа заеднички настап на изложбен штанд од околу 50 м/2. Тие се претставија со сопствен  пропаганден материјал, изработена мултимедијална презентација и промотивен материјал кој го претстави регионот.

saem-na-opstini-28112011-3Во делот на јавно претставување, источниот-плански регион го претставија културно-уметнички друштва од Штип и Пробиштип. Општина Штип се претстави низ традиционалните игри и ора на КУД „Ристо Донев-Учителот“ кој настапи на пладне, во саботата, 26-ти ноември.

Посетителите на штандот на истокот saem-na-opstini-28112011-4се интересираа за новите проекти, за досегашниот развој на општините како и за пропагандниот материјал. Од аспект на Штип, брендираната штипска пастрмалија беше посебно атрактивна и мошне барана, благодарение на соработката со угостителските објекти „Даблин“ и „Казабланка“ кои беа дел од штипската промоција со готови и вкусни пастрмалии. Како куриозитет, дури и изложбениот примерок за посетителите наместо на штандот на Штип, се пресели кај непознат гурман.

saem-na-opstini-28112011-5Исто така беа претставени и дел од останатите производни капацитети на Штип, како и главните одлики на градот во поглед на текстилната и чевларската индустрија, преработката и производството на храна, винариите и друго.

Исто така беше претставено и културно-уметничкото наследство од историски но и од актуелен тренд, пред се големите настани од типот на 19-ти декември-Денот на градот, „Макфест“ и Штипско културно лето. На овој начин, со заедничкиот настап општините заштедија големи средства, бидејќи поединечното настапување чини многу повеќе.

saem-na-opstini-28112011-6saem-na-opstini-28112011-7saem-na-opstini-28112011-8saem-na-opstini-28112011-9

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Mostly Cloudy Mostly Sunny Showers
12°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер