|
Понеделник, 28 Ноември 2011 15:59 |
|
Согласно Програмата за одбележување на годишнини и значајни настани и истакнати личности за 2011 година на Собранието на Република Македонија, во која се определуваат годишнини на значајни настани и истакнати личности од посебно значење за државниот развој на Република Македонија, афирмацијата и нејзиното историско и културно наследство, Општина Штип спроведе активности со кои се одбележа 110 годишнината од раѓањето на Емануел Мане Чучков.
Согласно Програмата за одбележување, вчера беше положено свежо цвеќе на гробот на Е.Чучков во Алејата на великани, Бутел (Скопје). По повод чествувањето, учествуваше и делегација на Собранието на Македонија во чиј состав беа пратениците Владимир Ѓорчев, Веле Ѓеоргиевски и Благоја Стојановски.
Општина Штип исто така имаше своја делегација која го посети гробот на Чучков, предводена од претседателката на Советот, Сузана Николовска а во чиј состав беа и советникот Војо Маневски и општинскиот просветен инспектор Ване Маневски, шефот на кабинетот на градоначалникот Снежана Санева и портпаролот Милена Ристова-Михајловска.
|