| Од денес до петок Градоначалникот на Штип на студиско патување во Словенија |
| Понеделник, 28 Ноември 2011 16:06 | |||
|
Согласно агендата, предвидена е посета на неколку општини во Словенија. Предвидена е посета на Ново Место каде ќе биде разгледан центарот за развој, индустриската зона финансирана од Европскиот фонд и ќе се разгледаат можностите за заеднички проекти. Потоа е предвидена посета на Љубљана, каде ќе биде посетена Агенцијата за регионален развој и Заводот за шумарство кој го реализира проектот за бионергија и менаџирање на шумите. Третиот ден од престојот ќе биде посетен градот Цеље и компанијата за управување со отпад „Симбио“ која управува со општински отпад на 24 општини. Посета која е во рамките на активностите на ЦРИПР за креирање на регионална депонија на Македонскиот исток. Исто така ќе биде посетен и градот Марибор каде ќе се разговара за дорбите практики на општината со градоначалникот на Марибор. На крајот ќе биде посетена и Мурска Субота и Топлице. Посетата на Словенија завршува во петок на 2-ри декември 2011 година.
|