Дома Настани Промовиран новиот проект со Општина Ќустендил (Бугарија)
Промовиран новиот проект со Општина Ќустендил (Бугарија)
Среда, 30 Ноември 2011 15:49

proekt-so-opstina-kjustendil-30112011-1Вчера во Општина Штип, претставници на Одделението за локален економски развој го промовираа проектот „Споделено знаење-инвестиција за иднината“.

На промоцијата учествуваа претставници на Општина Ќустендил, конкретно заменик градоначалникот Надја Каратова,бидејќи станува збор за проект кој е дел од прекуграничната соработка со Р.Бугарија во рамките на ИПА програмата.

На прес конференцијата беа презентирани proekt-so-opstina-kjustendil-30112011-2целите, проектните активности и очекуваните резултати од проектот. Основна идеја на проектот е формирање на веб портал со бизнис информации за двете општини што ќе овозможи информираност и поврзување на фирмите и претприемачите од двата града. Оваа база на податоци ќе биде информативна алатка за бизнисмените, со цел да добијат подетални информации за видот на индустријата, фирмите и друго.

Во моментов, според изјавата на заменик градоначалникот Каратова, Штип и Ќустендил можат да се пронајдат околу бањскиот туризам, бидејќи и двете општини имаат природни води и бањи. Проектот е вреден 300.000 евра.

proekt-so-opstina-kjustendil-30112011-3proekt-so-opstina-kjustendil-30112011-4

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Mostly Cloudy Mostly Sunny Showers
12°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер