| Оддржан состанок за културно поврзување на регионот |
| Среда, 30 Ноември 2011 15:56 | |||
|
Целта на состанокот беше регионално поврзување на општините преку културата и создавање на своевидна „берза“ на културни настани кои во регионални рамки ќе имаат поширока промоција. Според искажаното, Општините од регионот имаат културни настани и содржини кои можат да се разменуваат за време на поголеми културни манифестации. Се разговараше и за можностите за промоција на одредени содржини низ повеќе општини и како тоа финансиски да биде издржано. Учесниците ја поддржуваат оваа идеја за културна берза, бидејќи сметаат дека регионот има квалитетни културни настани, автори, уметници, писатели, изведувачи и друго, што вреди да се погледне и во други градови.
|