Дома Настани Почна реконструкцијата на штипскиот плоштад „Слобода“
Почна реконструкцијата на штипскиот плоштад „Слобода“
Среда, 30 Ноември 2011 16:03

rekonstrukcija-plostad-30112011-1Градежната фирма „Бетон“-Штип од денеска и официјално почна со реконструкцијата на Градскиот плоштад „Слобода“. Градежната оператива почна со рушењето на старата фонтана и вадењето на мермерните плочи, кои биле поставени пред 40 години.

Александар Арсовски од Одделението за Локален економски развој (ЛЕР) при Општина Штип вели дека во присуство на претставниците на Светска банка, министерството за финансии и раководството на градежната фирма „Бетон“ почна реконструкцијата на плоштадот, која е предвидено да се одвива четири месеци.

- Плоштадот ќе биде rekonstrukcija-plostad-30112011-2поплочен со нови гранитни плочи, потоа ќе има нова фонтана, која ќе биде поставена, каде што сега е споменикот на Александар Македонски, а споменикот ќе се помести кај постојните трафики. На плоштадот ќе има клупи, нова водоводната и електрична инсталација и во април ќе видиме модерен Градски плоштад - рече Арсовски.

rekonstrukcija-plostad-30112011-3Реконструкцијата на штипскиот плоштад „Слобода“ ќе чини околу 310 000 евра и е дел од прокетот„ Реконструкција и санација на речното корито и изградба на платформи над реката Отиња“, кој е финансиран од кредитот од Светска банка.

Арсовски најави дека наскоро ќе се распише меѓународниот тендер и за изградбата на платформите и уредувањето на  коритото на реката Отиња.

Штипјани денеска беа задоволни што по 40 години се реконструира плоштадот „Слобода“, кој е локација  за сите политички и културни настани.

rekonstrukcija-plostad-30112011-4rekonstrukcija-plostad-30112011-5rekonstrukcija-plostad-30112011-6rekonstrukcija-plostad-30112011-7

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Mostly Cloudy Mostly Sunny Showers
12°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер