|
Четврток, 01 Декември 2011 16:15 |
|
Од денес стартуваше проектот за „Ран детски развој“ во реализација на Одделението за јавни служби на Општината Штип. Проектот ќе се спроведува од декември 2011 до јуни 2012 година. Во него ќе бидат вклучени околу 60 деца од приградските и руралните населби на Општината Штип каде нема детски градинки: „Железничка“, „Три Чешми“, „Македонка“, „Балканска“ и селата Чардаклија и Караорман.
Децата еднаш неделно ќе престојуваат по три часа во детската градинка. Целиот проект е финансиран од Општината Штип. Тие во детската градинка „Вера Циривири-Трена“ (клон Развигорче) ќе се дружат со децата со цел да добијат познавања за престој во градинките.
- Проектот на почетокот беше реализиран во соработка со УНИЦЕФ, но годинава Општина Штип е комплетен поддржувач на Раниот детски развој. На овој начин децата од приградските населби дружејќи се со своите врсници кои редовно одат во градинка на некој начин ќе се подготват за школските активности во кои ќе навлезат за некоја година – изјави Весна Стаменова од Одделениеот за јавни дејности при Општина Штип.
Децата денес беа одлично пречекани и прифатени и за нив беше организирана мала приредба со цел поуспешно адаптирање на новата средина.
    
|