Дома Настани Велосипедистот Дејан Зафиров во посета на Општината
Велосипедистот Дејан Зафиров во посета на Општината
Четврток, 01 Декември 2011 16:23

Dejan-Zafirov-Opstina-Stip-01122011Штипскиот велосипедист Дејан Зафиров кој за време на викендот се врати од својот 4-ти маратон, од САД, денеска ја посети Општина Штип.

Традиционално, пред секое поагање и враќање од неговите маратони, тој се среќаваше со градоначалникот на Штип, но заради неговото службено отсуство, денес оствари средба со Претседателката на Советот - Сузана Николовска и членови на кабинетот на градоначалникот:

- Му посакувам добредојде и тој е гордост за нас, бидејќи на велосипедските маратони тој е своевиден аммасадор на Штип. Општината го помагала и тоа ќе го прави и во иднина, во зависностс од расположивите средства, а секако тој е голема мотивација и посакувам штипјани да се огледаат на него бидејќи тој докажува дека иако постојат луѓе со физички недостатоци, сепак вољата и големата желба ги натерала на големи дела и надминување на невозможни ситуации – изјави Николовска.

Зафиров ја искористи средбата да ги информира новинарите за маратонот низ САД и за некои идни активности преку здружението на граѓани „Гаиа“:

- Беше успешен маратон, без поголеми проблеми. Имав интервјуа за локални американски весници но и поддршка од многу луѓе бидејќи тие навистина го почитуваа напорот кој еден човек со телесен хендикеп го прави за одредени идеи. Мојот следен предизвик ќе биде Африка, најверојатно во март идната година, а во меѓувреме ќе се направи зимски кампа за деца со телесни недостатоци, да се дружат и да покажат дека имаат мотив и можности да бидат како другите – напомена Зафиров.

Зафиров ќе оствари средба и со Градоначалникот д-р Зоран Алексов по неговото враќање од службеното патување.

 

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Mostly Cloudy Mostly Sunny Showers
12°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер