Дома Настани Оддржана седница на Комисија за урбанизам
Оддржана седница на Комисија за урбанизам
Понеделник, 05 Декември 2011 11:20

stip_centar_panorama-2Денес се оддржа 40-тата седница на Комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина на чиј дневен ред беа пет точки.

Прифатена е предлог-програмата за изработка на урбанистички планови на територијатана Општина Штип за 2012 година. Комисијата дискутираше и за предлог-програмата за поставување на урбана опрема на територијата на Општина Штип за 2012 година.

Донесен е заклучок да се консултираат програмите на други општини низ Македонија со цел заземање на поконкретен став околу одредени елементи од урбаната опрема која се поставува низ градот.

Комисијата го прифати и предлог-правилникот за начинот и постапката за добивање одобрение за поставување урбана опрема и нејзино користење. Членовите на Комисијата поголемо внимание посветија на четвртата точка: Предлог-одлуката за прифаќање на наплатен надоместок за уредување на градежно земјиште и кофинансирање на изработка на урбанистички планови како надоместок за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти. Предлогот предвидува да се прифатат дадените средства на име комуналии од страна на одредени субјекти, на име комуналии во контекст на одредбите од Законот за легализација на бесправно изградените објекти. Доколку сумата е помала од предвидената, ќе се пресмета ралзиката а доколку е поголема, средства нема да се враќаат одОпштината назад. Но, заради дополнителни консултации со службите и Законите, точката е симната од дневен ред и ќе биде разгледана по дополнитлените анализи.

Комисијата го прифати и барањето за исправка во Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Штип за 2010 година.

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Mostly Cloudy Mostly Sunny Showers
12°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер