Дома Настани Општината за 3-ти декември – Ден на децата со инвалидитет
Општината за 3-ти декември – Ден на децата со инвалидитет
Понеделник, 05 Декември 2011 11:24

den-na-deca-so-invaliditet-03122011-1По повод 3-ти декември Меѓународниот ден на лицата со инвалидност, претставници од Општината Штип со Претседателката на Советот, Сузана Николовска, денес остварија посети на неколку институции.

Прво беа посетени децатаden-na-deca-so-invaliditet-03122011-2 со посебни образовни потреби во ООУ„Ванчо Прке“. Претседателката на Советот Николовска, напомена дека Општината секогаш ќе биде со децата и ќе се обиде во рамките на можностите да им помага:

- Имаме обврска кон Вас, да направиме се што е во наша моќ, не смао на овој ден, туку преку цела година, да обезбедиме услови за ваш правилен развој. По тој повод обезбедивме скромен подарок, играчки и нагледен материјал во вредност од 6000 денари кои се надевам ќе бидат полезни во наставниот процес – додаде Николовска.

den-na-deca-so-invaliditet-03122011-3Потоа следеше посета на децата кои престојуваат во дневниот центар за деца со посебни потреби, каде исто така беа донирани играчки а од страна на приватниот сектор и друга помош и поддршка за центарот. АД „Баргала“ донираше детски обувки и чевли а „Телекабел“ подари ЛЦД телевизор.

На крајот следеше и посета на учениците од ДСУ „Искра“, каде беше потенцирана заложбата за поддршка и помош во секој поглед од страна на општинатаЧ

- Оваа институција неодамнаden-na-deca-so-invaliditet-03122011-4 прослави 30-годишен јубилеј а сега на овој важен ден, уште еднаш, во име на градоначалникот д-р Зоран Алексов и Советот на Штип  ја користиме можноста да им дадеме поддршка и д аим искажеме благодарност на вработените за севкупниот ангажман во нивната работа со учениците – изјави претседателката на Советот, Николовска.

Општина Штип на ДСУ „Искра“ му подари ЛЦД телевизор, согласно потребите на институцијата и на барањето на учениците.

den-na-deca-so-invaliditet-03122011-5den-na-deca-so-invaliditet-03122011-6den-na-deca-so-invaliditet-03122011-7den-na-deca-so-invaliditet-03122011-8den-na-deca-so-invaliditet-03122011-9den-na-deca-so-invaliditet-03122011-10

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Mostly Cloudy Mostly Sunny Showers
12°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер