Дома Настани Оддржана седница на Комисијата за финансирање, буџет и ЛЕР
Оддржана седница на Комисијата за финансирање, буџет и ЛЕР
Понеделник, 05 Декември 2011 12:30

budzet-Opstina-Stip_resizeСе оддржи 50-тата седница на Комисијата за финансирање, буџет и локален економски развој на чиј дневен ред беа 8 точки.

Усвоена е Предлог – Одлуката за проширување на средствата во Буџетот на Општина Штип за 2011 година како и Предлог – Програмата за одбележување на Денот на градот 19.Декември – „Свети Никола“ за 2011 година како и Предлог – Програмата за активностите на Општина Штип од областа на спортот за 2012 година.

Советниците не ја усвоија програмата за работа и активностите на Сојуз на училишен спорт на Општина Штип за натпреварувачката 2012 година. Побарано е прво да биде доставен извештај за реализираните активности по што ќе биде усвоена и новата програма.

Од дневен ред беше симната и петтата точка која се однесуваше на Предлог – Одлуката за прифаќање на наплатен надоместок за уредување на градежно земјиште и кофинансирање на изработка на урбанистички планови како надоместок за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, заради дополнителни консултации со одреднеи служби. Предлог – Одлуката за финансиска поддршка на проектот „Подигање на свеста на средношколската младина за сексуално – преносливите болести и можните последици од нив во насока на превенција на истите“ исто така ќе биде дополнително разгледана.

Барањето од РК „Текстилец“ за финансиски средства за покривање на трошоците за службените лица на Ракометната федерација на Македонија(судии, делгати, лекар) и патување, за натпреварување на младинските екипи во есенскиот дел од натпреварувачката сезона 2011/2012 година е прифатено а барањето од УЗ „Автокоманда“ за финансиска помош на турнирот во шах и табла во УЗ „Автокоманда“ Штип не е прифатено со образложение дека истотот веќе е дел од програмата за одбележување на 19-ти декември а со самотот тоа и финансиската конструкција за турнирот е дел од севкупната агенда.

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Mostly Cloudy Mostly Sunny Showers
12°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер