Дома Настани Отворени понудите од тендерот за новогодишни украси
Отворени понудите од тендерот за новогодишни украси
Вторник, 06 Декември 2011 15:44

tender-novogodisni-ukrasi-06122011Денес во Општина Штип беа отворени понудите за новогодишни украси. На отворениот конкурс се пријави само еден економски оператор, Тоа е фирмата Флорис ДОО од Кочани.

Општина Штип предвидува околу 620.000 денари а понудата е околу 600.000 денари, што одговара на условите. По известување на операторот, се очекува уште во текот на оваа недела истиот да преземе активности за достава на новите украси во предвидената сума а украсувањето на градот ќе го реализира самата општина.

Инаку новогодишното украсување е во тек, со украсите кои Општина Штип веќе ги има во сопственост, а со новата набавка се очекува да се збогати бројот а и типот на украсите.

Новогодишното украсување се очекува да биде комплетирано до празникот на градот, патронот на „Свети Никола“ односно 19-ти декември кој годинава е регионален празник.

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Mostly Cloudy Mostly Sunny Showers
12°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер