| Интензивни подготовки за денот на градот „19-ти Декември“ |
| Петок, 09 Декември 2011 10:06 | |||
|
Годинава во организацијата на настанот се вклучени Општина Штип, Центарот за развој на источниот-плански регион, Советот на Градоначалници на ИПР и ГИЗ Ред. Програмата за одбележување на „Свети Никола“ кој инаку е воспоставен на иницијатива на градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов во 2009 година, наскоро ќе биде усвоена од Советот на општина Штип. Истата предвидува свечена литургија и литија на црковните достоинственици во придружна на градоначалниците од регинот, од црквата Свети Никола до улицата „Ванчо Прке“ каде годинава ќе биде поставена сцена за активностите и каде ќе биде извршено осветување на празничниот колач. Долж улицата е предвидено поставување на изложбени штандови на кои 11-те општини од регионот ќе имаат можност да ги претстават своите активности, проекти, промотивни материјали, ракотворби и слично, како и производни и занаетчиски фирми со кои соработуваат. По официјалната церемонија, предвидено е во големата сала на Општина Штип да се оддржи „Свечена академија“ на која ќе бидат доделени традиционалните награди „19-ти декември 2011“ на десетмина штипјани, номинирани од медиумите во Штип. Исто така, ќе биде доделен и Орденот „Свети Никола“ по трет пат. Во 2009 година, прв носител беше Архиепископот на МПЦ, Г.г Стефан а во 2010 кардилогот Сашко Кедев. По свечената академија предвидено е оддржување на тркалезна маса на која ќе присуствуваат градоначалници од источниот и југоисточниот регион, како и претставници на ресорните Министерства. Во периодот од 12 до 16:00 часот на улицата „Ванчо Прке“ посетителите од Штип и регионот ќе имаат можност да ги посетат штандовите на општините и да уживаат во културно-уметничката програма.
|