Дома Настани Оддржана седница на Советот на Општина Штип
Оддржана седница на Советот на Општина Штип
Вторник, 13 Декември 2011 12:52

opstina_zgrada-2_resizeВчера се оддржа 42-та седница на Советот на Општина Штип на чиј дневен ред беа 12 точки.

Усвоена е Предлог-Одлуката за проширување на средствата во Буџетот на Општина Штип за 2011 година и Предлог-Одлуката за одобрување на финансиски средства на РК „Текстилец“-Штип.

Советниците ја прифатија и Предлог-Одлуката за откажување од право на користење на градежно земјиште и Предлог-Програмата за одбележување на Денот на градот 19 декември - „Свети Никола“ за 2011 година.

Потоа беше усвоена Предлог-Програмата за работа на Советот на Општина Штип за 2012 година и Предлог-Програмата за поставување урбана опрема на територијата на Општина Штип. Советниците ја усвоија и Предлог-Програмата за  изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Штип за 2012 година и Предлог-Програмата за активностите на Општина Штип од областа на спортот за 2012 година.

Прифатен е и Предлог-Правилникот за начинот и постапката за добивање одобрение за поставување урбана опрема и нејзино отстранување и извештајот за извршување на одлуките донесени од Советот на Општина Штип во периодот од 01.07. до 30.09.2011 година.

На крајот усвоено е барањето за исправка во Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Штип за 2010 година по што следеа советнички прашања.

 

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Mostly Cloudy Mostly Sunny Showers
12°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер