Дома Настани „САЕМ НА ТРУДОТ“ 17,18 декември 2011 година, ШТИП (локација Безистен) почеток 11:30 часот
„САЕМ НА ТРУДОТ“ 17,18 декември 2011 година, ШТИП (локација Безистен) почеток 11:30 часот
Петок, 16 Декември 2011 11:04

saem-na-trud-16122011Министерството за локална самоуправа на Република Македонија во соработка со: Министерството за труд и социјална политика, Министерството за економија, Стопанската комора на Република Македонија, Агенцијата за вработување на РМ, Универзитетот ‘‘ Гоце Делчев‘‘- Штип, Општина Штип, Советот за развој на источниот плански регион и Центарот за развој на Источниот плански регион во чиј состав влегуваат 11 општини од регионот за првпат во Република Македонија организира како пилот-проект настан насловен како‘‘ Саеми на трудот ‘‘. Настанот ќе се одржи на 17 и 18 Декември, 2011 година во Штип како најголема општина во регионот.

Проектот се спроведува како дел од програмата за работа на Владата на Република Македонија за период 2011-2015 година а има за цел на настанот да дојде до средба на бизнис заедницата односно работодавачите и невработените лица од планскиот регион. Вакви шеснаесет  саеми се предвидени да се организираат во текот на 2012 година по два во секој од осумте плански региони. Настанот се орагaнизира како реализација на една од приоритетните мерки на Владата за намалување на невработеноста во Република Македонија.

Со организирањето и одржувањето на настани од ваков вид корист би имале фирмите кои стопанисуваат во регионот на кои им се овозможува да ги претстават своите бизнис планови за развој и натамошно работење пред невработените како и да се запознаат со програмите и мерките на надлежните државни институции за поддршка на бизнис заедницата од една страна и невработените лица кои на оваа средба би се информирале за потребите на бизнис заедницата во  регионот за  видот  на кадри кои им се потребни на фирмите, степенот на стручна подготовка и можноста за вработување од друга страна.

На настанот пред невработените надлежните државни институции ќе ги промовираат програмите и мерките за вработување, преквалификација и поддршката за започнување на сопствен бизнис.

Долгорочна цел на проектот е да се намали невработеноста во РМ како еден од горливите проблеми на нашето општество.

Во рамките на настанот на 18 ти декември се организира и трибина насловена како „ Саеми на трудот – активни мерки за вработување, самовработување и преквалификација на невработените„ која исто така ќе даде свој придонес кон намалување на невработеноста во Република Македонија. Трибината ќе се оддржи во Салата на советот на општина Штип со почеток во 11.30 часот а на истата ќе учествуваат претставници на релевантните државни институции во оваа област.

По тој повод ни претставува особена чест и задоволство да ги поканиме бизнис заедницата, невработените лица, медиумите и останатите граѓани на Република Македонија да го проследат овој настан кој е единствен од ваков вид во Република Македонија и истиот на едно место нуди можност за дијалог помеѓу бизнис заедницата, невработените лица и надлежните државни институции што се разбира е клучно во решавањето на проблемот на невработеноста. Во иднина овој настан ќе биде традиционален и се помасовен.

„САЕМ НА ТРУДОТ„

Штип, локација Безистен, 17,18 Декември 2011

АГЕНДА

17.12.2011 (сабота)

11:30 Поздравен говор

Обраќање на Заменик министерот za локална самоуправа во Владата на Република Македонија (отварање на настанот);

Обраќање на Претседателот на Советот за развој на источниот плански регион, г-дин Ратко Димитровски

Обраќање на градоначалникот на општина Штип – градот домаќин на манифестацијата, д-р Зоран Алексов

12:00 – 18:00 Презентирање на учесниците на изложбениот простор (штандови)

- Компании

- Државни институции

18.12.2011 (недела)

10:30 – 18:00 Презентирање на учесниците на изложбениот простор (штандови)

Компании

Државни институции

11:30 – 13:00 - Трибина „ Саеми на трудот – активни мерки за вработување, самовработување и преквалификација на невработените лица„ ( Сала на Советот на општина Штип)

Панелисти: Министерство за локална самоуправа, Министерство за економија, Министерство за труд и социјална политика, Агенција за вработување на Република Македонија и Д-р Зоран Алексов – градоначалник на општина Штип

18:00 - Затворање на настанот

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Mostly Cloudy Mostly Sunny Showers
12°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер