Дома Настани Избрани добитниците на наградата „19-ти Декември“ и орденот „Свети Никола“
Избрани добитниците на наградата „19-ти Декември“ и орденот „Свети Никола“
Петок, 16 Декември 2011 15:36

Sv.Nikola-patron-na-Stip_resizeДобитници на годинашниве награди „19-ти декември 2011“ на Општина Штип се:

СИМЕОН ГАВРИЛОВ – Театарски режисер, активен културен работник под чие раководство и едукација, бројни млади штипјани ги направија првите чекори во актерството.

НАТАША ПЕТРОВИЌ – Млада актерка од Штип, позната по улогата во филмот „Како да ме нема“. Една од неколкуте актери кои се избрани за најталентирани млади актери во ЈИЕ.

АЛЕКСАНДАР ДОНСКИ – Историчар, познат по многубројните трудови за историјата на Македонија и Македонскиот народ.

ПЕТАР КОСТОВСКИ – Млад спортист, државен првак во пинг-понг во категоријата пионери.

ПАВЛЕ ТОДОРОВ – Спортски работник, тренер на генерации ракометни таленти.

ВЕРИЦА КОЖИНКОВА – Хуманист, со повеќе од 112 пати дарувана крв.

ЅВОНКО БЕЛДЕДОВСКИ – (Постхумно) Арехолог, долгогодишен истражувач на арехолошките локалитети во Штип.

МАРИЈА ГРНЕВА – Библиотекар, со 30 годишна работа, позната и како автор на роднокрајното одделение во НУ Библиотека „Гоце Делчев“-Штип.

ДРАГИЦА ЗЕНДЕЛОВСКА – Доктор по хемиски науки, професор на Медицински факултет во Скопје и автор на повеќе од 70 меѓународни трудови од областа на медицината, хемијата и нутриционистиката.

ЗОРАН МАЛИНОВ – Етнолог , организатор на меѓународен симпозиум за етнологија оддржан во Штип.

ОРДЕН „СВЕТИ НИКОЛА“ – Владика Иларион – Митрополит на Брегалничката Епархија.

Со градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов, Владиката Иларион се смета за иницијатор на одбележувањето на 19-ти декември -  „Свети Никола“ како патрон на град Штип, заштитник на градот, како во Штип така и во регионот на Источна Македонија.

 

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Mostly Cloudy Mostly Sunny Showers
12°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер