Дома Настани Трибина за вработување и за мерки за самовработување и преквалификација
Трибина за вработување и за мерки за самовработување и преквалификација
Понеделник, 19 Декември 2011 10:34

tribina-za-vrabotuvanje-19122011-1Во Штип се одржа трибина „Саеми на трудот –активни мерки за вработување, самовработување и преквалификација на невработените лица“, а во рамките на дводневниот „Саем на трудот“.

На трибината учествуваа заменик министерот за локална самоуправа Сашо Лазаровски, директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, градоначалникот на Штип Зоран Алексов и претставници на фирми и невработени од источниот регион.

Заменик министерот Лазаровски истакна дека мислењата на сите претставници од бизнис секторот и на невработените од денешнава трибина ќе ги земат предвид при правењето на анализата како да се намали невработеноста, а во која ќе има и конкретни мерки.

- Првично сите оние инвеститориtribina-za-vrabotuvanje-19122011-2 кои се јавуваат ќе видиме дали имаат план да го зголемат производството или својата област на делување, ако имаат такви потреби, каков тип на кадар им е потребен. Понатаму, новите фирми кои доаѓаат, односно ќе се отворат, да видиме каков тип на работници ќе им требаат. Соодветно ќе одговориме, сите надлежни институции ќе ги собереме информациите, ако има потреба од преквалификација или од дообразување на нови кадри да можеме да одговориме соодветно на тоа и да ги побараме тие луѓе тука во регионот.

Директорот на Агенцијата за вработување, Поповски рече дека проблемот со невработеноста почнува да се решава во соработка со надлежните министерства, кои направија анализа кои високообразовани кадри во земјава се дефицитарни, а кои суфицитарни. Во тек е и анализата за кадрите со средно образование.

tribina-za-vrabotuvanje-19122011-3- Се обидуваме на сите работодавачи и невработени лица да им излеземе во пресрет, да ги преквалификуваме, да им обезбедиме сертификат за одредена квалификација, рече Поповски. Според него,  новите инвестиции во источниот регион, како што е отворањето на фабриката „Џонсон контролс“ во штипската ТИР зона ќе овозможи намалување на невработената машка работна сила.

Градоначалникот на Штип, Алексов смета дека е потребна заедничка стратегија на институциите, која ќе им овозможи на младите да знаат какви потреби имаат работодавачите, за да можат да се запишуваат на соодветните факултети.

tribina-za-vrabotuvanje-19122011-4tribina-za-vrabotuvanje-19122011-5tribina-za-vrabotuvanje-19122011-6tribina-za-vrabotuvanje-19122011-7

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Mostly Cloudy Mostly Sunny Showers
12°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер