Дома Настани Отворена поставката „Штип низ историјата“
Отворена поставката „Штип низ историјата“
Четврток, 22 Декември 2011 10:08

postavka-muzej-22122011Националната установа Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Штип, синоча ја отвори ИСТОРИСКАТА ПОСТАВКА „Штип низ историјата I – XX век“ на одделението за конзервација на икони и керамика.

Поставката ја отвори Министерката за култура, м-р Елизабета Канческа Милевска.

Поставката говори за историјата на градот,од периодот од првиот до дваесетиот век. Историјата на Штип е прикажана низ 1000 експонати. Поставката е поделена на девет теми, а се почнува со старото име на градот Астибо, кое се споменува од античкиот хроничар Полиен.

Во Историската поставка посебно место има периодот, кога Гоце Делчев учителствувал во штипско Ново село. Изложени се свидетелствата потпишани од Делчев, писмата испратени до соработниците.

Директорот на Завод и Музеј на Штип, Зоран Читкушев напомена дека благодарение на Министерството за култура и рудникот „Бучим“ се обезбедени средства за отворањето на Конзерваторскиот центар, во кој ќе се конзервираат старите икони во Брегалничката епархија и керамичките артефакти од археолошките локалитет.

 

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Mostly Cloudy Mostly Sunny Showers
12°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер