Дома Настани Промовиран прирачник за работни односи
Промовиран прирачник за работни односи
Четврток, 22 Декември 2011 10:33

priracnik-rabotni-odnosi-22122011-1Во Општина Штип се оддржа трибина посветена на Законот за работни односи и на прирачникот кој го изработи Комисијата за еднакви можности.

Комисијата за еднакви можности, избрана од Советот на Општина Штип, во рамките на своите надлежности, изготви акциски план за 2010 и 2011 година, кој беше усвоен од страна на Советот на Општина Штип.

Во акцискиот план беше предвидено да се реализира акција за утврдување на почитувањето на Законот за работни односи и основни човекови права за жените во конфекциите.

Проектот кој се реализирашеpriracnik-rabotni-odnosi-22122011-2 во текот на 2011 година  предвидуваше спроведување на анкета на илјада вработени во текстилната индустрија, изготвување на прирачник во кој ќе бидат презентирани резултатите од анкетата и извадоци од Законот за работни односи како и организирање на трибина.

На трибината беа поканети и претставници од Текстилните фабрики во Општина Штип, од Министерството за труд и социјална политика, од Синдикатот, од трудовиот инспекторат, како и членови на Советот и на Комисијата за еднакви можности.

priracnik-rabotni-odnosi-22122011-3Воведно обраќање имаше Градоначалник на Штип д-р Зоран Алексов, по што следеше презентација на добиените резултати од спроведената анкета за вработените во текстилната индустрија од страна на Координатор за еднакви можности  Локална   самоупрва -  Штип, Снежана Санева. Анкетата покажала дека работниците се жалат најмногу на пречекорувањето на работното време односно прекувремената работа и на наплатата на дополнитлените часови за работа. Но од друга страна се забележува тенденција за пријавување на работниците за разлика од порано која масовно се работеше на црно.

 

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Mostly Cloudy Mostly Sunny Showers
12°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер