Во Општина Штип беа поделени потврдите на завршените курсисти од четвртиот циклус на „Бесплатни курсеви по јазик“ кој ги спроведе локалната самоуправа во изминатите три месеци. Од вкупно 1200 пријавени кандидати, рекорден број од дури 1000 добија потврди. Највозсрасниот и најмалиот посетител на курсевите добија пригодни подароци:
- Проектот се одвива со голем успех и со бројката од близу 10.000 курсисти во изминатите 2 години, покаќуваме не само дека има интерес за изучување на јазици и информатика, туку и дека упорноста кај посетителите е голема – изјави градоначалникот Алексов.
Тој најави дека курсевите ќе продолжат се додека постои интерес кај граѓаните.