|
Среда, 04 Јануари 2012 13:32 |
 КУД „Ристо Донев – Учителот“ на градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов му врачи благодарница за поддршката во изминатата година. Ова друштво во текот на изминатиот период имаше несебична поддршка од мноштво субјекти во градот, меѓу кои градоначалникот и локалната самоуправа.
КУД „Ристо Донев-Учителот“ пред нова година ја оддржа последната средба со своите членови, при што беа врачени дипломи за членовите и благодарници до поддржувачите на нивните концертни настапи во изминатите две години.
|