Дома Настани Новогодишна честитка и обраќање до граѓаните од градоначалникот
Новогодишна честитка и обраќање до граѓаните од градоначалникот
Среда, 04 Јануари 2012 13:40
novogodisna-cestitka-od-gradonacalnikot-04012012-1Градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов ја упати традиционалната новогодишна и Божиќна честитка до граѓаните на Штип.Традиционалното новогодишно обраќање беше своевиден осврт на годината што измина и јавен отчет пред граѓаните на Штип.

Тој се задржа на проектите novogodisna-cestitka-od-gradonacalnikot-04012012-2кои доминираа оваа година, на постапките за измена и креирање на нови детални урбанистички планови, како и на започнатата реконструкција на градскиот плоштад. Според градоначалникот Алексов, тоа е прва фаза од проектот за обнова и реконструкција на централното градсако подрачје кое ќе резултира со зголемени активности во новата 2012 година.

novogodisna-cestitka-od-gradonacalnikot-04012012-3Според градоначалникот, Општина Штип напредувала изминатите 365 дена а за тоа постојат многу докази. Од средствата одобрнеи за ИПА програмата на ЕУ со кои Штип и други соседни општини од регионот добија средства од ЕУ па се до спортот, културата и традиционалните манифестации во Штип од типот на „Макфест“ или „Пастрмалијадата“ кои уште еднаш беа вистински погодок за штипјани.

Градоначалникот Алексов најави подинамичен буџет за 2012 година бидеќи истиот предвидува средства за инфраструктурата а пред се за модерни улици кои му недостигаат на Штип, како што во 2011 година беа обновени улиците „Борис Крајгер“ и „Васил Главинов“ па се до тековната на „Сутјеска“ и планираните за 2012 година.
 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Mostly Cloudy Mostly Sunny Showers
12°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер