|
Среда, 04 Јануари 2012 15:45 |
 Градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов денес го посети првото новородено бебе во 2012 година во Штип. Првото бебе во Штип во новата година е девојче, тежи 2,750 грама а долго е 47 сантиметри. Среќната мајка е Весна Стojанова од штипската населба „Баби“ а бебето се вика Марија. Родена е на 1-ви јануари во 16:45 часот.
- Среќна сум и имам голема чест што ме посети градоначалникот а донесе и подароци за мојата ќеркичка. Сепак ова ми е најголемиот и најубавиот подарок и на сите им ја посакувам мајчинската среќа – изјави родилката Стојанова. Градоначалникот и посака  многу здравје и среќа во 2012 година а со оглед на тоа што ова е нејзино прво бебе, што поскоро да го збогатат домот со уште една принова. Воедно ја искористи можноста да им посака среќна нова година на дежурниот персонал и на акушерското одделение при Клиничката болница им подари ЛЦД телевизор.  - Имаме благ пораст на бебиња во штип, лани имавме 730 бебиња а оваа година 804 од кои 446 беа машки, а 358 женски . Околу 70% од родилките се од Штип. Се надеваме дека и оваа 2012 година ќе имаме зголемување на породувањата и дека ќе одиме по нагорна линија – изјави гинекологот Бранислава Вујовиќ-Серафимов. Градоначалникот традиционално додели и штедна книшка со 10.000 денари кои по трет пат ги обезбеди како донација „Комерцијална банка“ – Штип и детска играчка во вредност од 2000 денари, за што Општина Штип и градоначалникот изразуваат голема благодарност.
|