|
Понеделник, 09 Јануари 2012 10:01 |
 Општина Штип и Брегалничката Епархија заеднички поделија 40-тина пакети за ранливите семејства. Прехранбени продукти обезбеди Брегалничката Епархија заедно со локалната самоуправа по што истите беа поделени на ранливите семејства. И градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов посети дел од семејствата:
- Ова е наша заложба, и наш обид да помогнеме колку што можеме бидејќи знаеме дека постојат и семејства со поголеми потреби а помали примања. Се надевам дека овие Божиќни подароци ќе им го развеселат празникот и дека трпезата ќе биде побогата со што и тие ќе можат да го почуствуваат Божиќ во сета своја духовна големина а ние кои можеме да подаруваме ќе знаеме дека сме помогнале некому бидејќи нашата вера не учи на тоа – изјави градоначалникот Алексов. Истиот ден градоначалникот Алексов подели и новогодишни пакетчиња за децата од 40-тина ранливи семејства.
|