| Дејан Богданов по 4-ти пат „Спортист на годината“ |
| Четврток, 12 Јануари 2012 11:20 | |||
|
Борачот на БК „Балканец“ - Дејан Богданов е добитникот на признанието Спортист на Годината на град Штип за 2011 година. Богданов ова призание го добива по 4-ти пат, откако претходно беше прогласуван за најдобар и во 2003-тата, 2006-тата и 2009-тата година . Во јуниорска конкуренција признанието најдобар го понесе уште еден борач, Тодорче Ангелов, додека кај кадетите и пионерите за најдобри се прогласени ракометарот на “Текстилeц“ - Иван Ангелов и младиот пингпонгар на универзитетскиот клуб „Гоце Делчев“ - Петар Костовски. За најуспешен спортски колектив за изминатата 2011 година е прогласен боречкиот клуб „Балканец“ додека нај настан на годината е организацијата на Балканското Првенство во Бич Волеј кое лани летото се оддржа на плоштадот „Слобода“ во Штип и кое привлече огромно внимание на штипјани заради изборот на локацијата во центарот на градот.
|