| Штип го одбележа „Богојавление – Водици 2012“ |
| Петок, 20 Јануари 2012 12:54 | |||
|
Прво беше оддржана утринска богослужба / литургија по што во 10:00 часот беше извршено фрлање на светиот крст во водите на река Брегалница од мостот во Ново Село. Најбрз меѓу 40-тмината скокачи беше Мартин Петрушевски (студент на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип). Покрај подароците од црквата, тој од градоначалникот на Штип д-р Зоран Алексов доби на подарок лаптоп компјутер.
- Традицијата продолжува
Потоа поворката од граѓани и официјални лица од Ново Село и црквата Свети Никола се упати кон градскиот базен каде во 11:00 часот беше организирано фрлање на крстот во градскиот базен. Овде над 30-тмина штипјани скокнаа по светиот крст а најбрз беше Александар Апостоловски. И тој доби лаптоп компјутер од градоначалникот на Штип.
|