| Оддржана седница на Комисија за урбанизам |
| Петок, 20 Јануари 2012 14:33 | |||
|
Прифатено е барањето за давање согласност на одлука за започнување на постапка за доделување на договор за јавно приватно партнерство како и предлог-одлуката за изработка на локален акционен план за животна средина на Општина Штип (ЛЕАП). Комисијата го прифати и извештајот за работењето на инспекцијата за животна средина за период од 01.07.2011-31.12.2011 година и извештајот за работењето на комуналната инспекција за период од 01.07.2011-31.12.2011 година. Во информативниот дел прифатена е информацијата висината на комуналните такси во Штип, Прилеп, Струмица и Охрид како и мислењето на стручните служби по повод иницијативата на советникот Зоран Костовски за враќање на режимот на сообраќај во централното градско подрачје од еднонасочен во двонасочен режим на сообраќај.
|