Дома Настани Оддржана седница на Комисија за контрола на средствата од самопридонесот
Оддржана седница на Комисија за контрола на средствата од самопридонесот
Петок, 20 Јануари 2012 14:57
opstina_zgrada-2_resizeДенес се оддржа 5-тата седница на Комисијата за контрола на наплатата и употребата на средствата од самопридонесот. На седницата единствена точка на дневен ред беше: Извештај за состојбата и користење на средствата од самопридонесот за период од 01.07. до 31.12.2011 година.

Според презентираниот извештај, за периодот од 01.07. до 31.12.2011 година нема промени на сметката на самопридонесот, истите изнесуваат 65.970.000,00 денари и се ставени на
трезорска сметка.

Позајмените средства на ЈП „Штип-проект“-Штип и ЈП „Исар“-Штип изнесуваат вкупно 29.018.415,00 денари, од кои на ЈП „Штип-проект“-Штип во износ од 10.500.000,00 денари, а на ЈП „Исар“-Штип во износ од 17.290.015,00 денари.

Одлуката за прифаќање на долгот на ЈП „Исар“-Штип кон самопридонесот како конвертиран заем број 0701-219/1 од 16 февруари 2001 година не е реализирана, но Општина Штип согласно Одлуката за прифаќање на долгот на ЈП„Исар“-Штип кон самопридонесот како конвертиран заем во грант на Општина Штип и како проектна општина заемот во износ од 1.228.400,00 денари ќе ги
врати кога ќе се донесе Одлука за користење на средствата од самопридонесот.

Преглед на позајмени средства
ЈП „Штип-проект“ - 10.500.000,00 денари
ЈП „Исар“ - 17.290.015,00 денари
Општина Штип - 1.228.400,00 денари
Вкупно: 29.018.415,00 денари
 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Mostly Cloudy Mostly Sunny Showers
12°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер