|
Петок, 20 Јануари 2012 15:05 |
 Денес се оддржа 16-тата седница на Комисијата за образование на чиј дневен ред беа две точки. Прифатена е предлог – одлуката за поддршка на проектот „Образованието е клуч за подобра иднина на родителите и учениците Роми“.
Комисијата исто така ја прифати програмата за изведување на есенски еднодневни наставно – научни екскурзии за учениците од прво до осмо одделение при ООУ „Димитар Влахов“ и ПУ Населба Баби, иако како што беше кажано,истата е усвоена уште на почетокот на годината и е составен дел од програмата за екскурзии.
|