| Оддржана седница на Комисија за статут и пропис |
| Петок, 20 Јануари 2012 16:16 | |||
|
Прифатена е предлог-одлуката за давање согласност на Одлуката на УО на ЈП„Исар“ за започнување на постапка за доделување на договор за Јавно приватно партнерство. Усвоена е и предлог-одлуката за изработка на локален акционен план за животна средина на Општина Штип (ЛЕАП) како и предлог-одлуката за давање подарок на медицински инвентар. Со оваа одлука Општина Штип подарува пет електрични кревети, пет душеци и десет страници за болнички кревет на ЈЗУ „Клиничка болница”-Штип. На крајот советниците ја прифатија предлог-одлуката за поддршка на проектот „Образованието е клуч за подобра иднина на родителите и учениците Роми“.
|