|
Понеделник, 23 Јануари 2012 14:01 |
 Денес се оддржа 32-та седница на Комисијата за спорт на чиј дневен ред беа две точки, но бидејќи тематиката беше иста, беа разгледани заеднички. Членовите на Комисијата дискутираа по пристигнати пријави по јавниот повик на Градоначалникот на Општина Штип за материјална поддршка на спортските клубови од подрачјето на Општина Штип за 2012 година.
Прво беа разгледани пријавите со потполна документација, при што од пристигнати 6 пријави, членовите на Комисијата одлучија да поддржат три и тоа на ФК „Брегалница“, БК „Балканец“ и РК „Текстилец“.Што се однесува до приавите со непотполна документација, евидентирани се вкупно четири.
|