| Советодавната-граѓанска група дебатираше за „Деца на улица“ |
| Вторник, 24 Јануари 2012 11:00 | |||
|
Презентација на споменатата тема имаше директорката на Центарот за социјални работи-Штип, Наталија Панова која зборуваше за законските процедури за постапување со деца на улица а за надлежностите и искуствата на здравствениот сектор, свое излагање имаше м-р Павлинка Николовска. Исто така свое излагање имаше и претставник на СВР-Штип кој ги претстави ингеренциите и практиките на МВР при постапување со деца на улица а беше направена и пшрезентација на за проектот „Дневен клуб за деца на улица“.Согласно истиот кој ќе биде поддржан од локалната самоуправа, предвидено е да се обезбедат услови за дневен центар за грижа на деца на улица кои во овој момент во Штип се евидентирани околу 30-тина. Советодавната Граѓанска Група на oпштина Штип и oпштина Карбинци поддржувана од ОБСЕ е тело од мултисекторски карактер, формирано со цел да детектира, иницира и предлага решенија за локални и регионални предизвици и потреби, во рамките на можностите а преку продлабочена меѓуинституционална акција, во соработка со цивилниот сектор.
|