|
Среда, 25 Јануари 2012 14:09 |
 Денес се оддржа 27-та седница на Комисијата за култура на чиј дневен ред, единствена точка на дневен ред беше: Иницијатива за формирање на организационен одбор за одбележување на сто години од Брегалничката битка.
Одлучено е да биде формирана комисија,  која ќе ги организира сите активности и аспекти на одбележувањето на Брегалничката битка, како и на содржините кои ќе бидат дел од одбележувањето. Тоа подразбира симпозиум, изложба на фотографии, промоции и друго.  Брегалничката битка се случила во периодот од 30 јуни до 9 јули 1913-та година во Штип. Станува збор за битка помеѓу српските и бугарските сили кои биле окупациона сила во Македонија пред избивањето на втората балканска војна. Двете држави војувале за превласт на источниот дел на Македонија а во време на Брегалничката битка, Штип бил демаркационо поделен на српски и бугарски дел. Овој судир се смета за еден од најкрвавите што се оддржал на подрачјето на Штип, во кој српската страна имала над 20.000 мртви а бугарската армија претрпела загуби од 30.000 војници при што ја загубила и битката.
|