| Оддржана расправа за превенција од рак на грлото на матката |
| Четврток, 26 Јануари 2012 11:26 | |||
|
Јавната расправа беше во организација на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на РМ, во соработка со Здружението за борба против рак „Борка“ и Европската асоцијација за борба против рак на грлото на матката. Јавната расправа беше посветена на Европската недела за борба против рак на грлото на матката 2012, во рамките на глобалната акција „Бисер на мудроста“. Таа претставува продолжување на активностите на Комисијата на оваа тема, како еден нејзин приоритет. На јавната расправа беа претставени македонското и европските искуства во оваа област, за да се направи споредба и да се унапреди нашиот систем на превенција преку организирани гинеколошки прегледи и ПАП-тестови, како и преку ХПВ-вакцини. Свое обраќање имаа Лилјана Поповска ((Претседател на Комисија за еднакви можности при Собрание на РМ), Никола Тодоров (Министер за здравство) и Биба Додева (Претседател на здружение „Борка“). На јавната расправа меѓу другите, беа поканети и претставници на локалните комисии за еднакви можности од општините. Општина Штип ја претставуваа Снежана Санева – Координатор за еднакви можности при Општина Штип и Ленче Пуздерлиска – Претседател на Комисија за еднакви можности.
|