|
Петок, 27 Јануари 2012 10:40 |
 Вчера се оддржа 24-тата седница на Комисијата за еднакви можности на чиј дневен ред беше една точка.Членовите на Комисијата расправаа за Предлог-одлуката за финансиска поддршка на проектот „Подигање на свеста на средношколската младина за сексуално-преносливите болести и можните последици од нив во насока на превенција на истите“.
Донесен е заклучок, проектот да продолжи и истиот да се спроведе низ штипските училишта со извесни модификации со цел поголема информираност на учениците за опасноста од сексуално преносливи болести.
|