|
Понеделник, 30 Јануари 2012 11:21 |
 Членот на Македонската ракометна репрзентација, Влатко Митков денес оставри средба со градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов. Средбата се оддржа во кабинетот на градоначалникот Алексов.
Повод за средбата е големиот успех на Македонската ракометна репрзентација на Европското првенство во Србија, на која Македонија го освои високото петто место. Митков е штипјанец и дел од победничкиот тим на Македонија. - Како голем љубител на спортот, ова е голем поттик и голем успех и се радувам на оваа средба бидејќи во Македонската ракометна селекција имаме и штипјанец кој на некој начин ги брнаи боите на градот. Се надевам дека неговиот пример ќе го следта многу млади, дека ќе најдат предизвик во успесите и дека ќе го засакаат ракометот. Јас како градоначалник секогаш ќе ги поддржувам спортистите а тоа најдобро го знаат граѓаните бидејќи во мојот мандат неколкукратно се зголеми буџетот за спортските клубови, токму со мотивација еден ден д аимаме вакви успешни спортисти – изјави градоначалникот Алексов. Митков кој во моментов игра во Австрија, не ги заборава своите корени: - Имам само пофални зборови за тимот и за првенството. Беше тешко, но докажавме дека можеме да оствариме врвни резултати. За мене мотив повеќе беше присуството на наши навивачи, а секако меѓу нив беа бројни и лица од Штип. Тоа значитлено помага во психичката подготвеност за што сум благодарен како и на градоначалникот што ме удостои и ми овозможи прием со кој се почитува колективниот и индивидуалниот успех – изјави Митков по средбата. Во РК „Текстилец“ од Штип вечерва ќе се оддржи прослава во чест на успесите на Митков како челн на Македонската ракометна репрезентација.
|