|
Понеделник, 30 Јануари 2012 14:09 |
 Денес се оддржа 48-та седница на Комисијата за статут и прописи и 55-тата седница на Комисијата за финансирање, буџет и локален економски развој. И на двете седници имаше само една иста точка на дневен ред: Предлог-Одлука за давање согласност за задолжување на Општина Штип.
Станува збор за за задолжување на општината преку кредитна линија JICA (џајка) за адаптација на делот од филтер станицата за обработка на површински води, по повона цена и со економска оправданост за потребите на граѓаните. Комисијата ја усвои предлог-одлуката и му препорачува на Советот истата да ја донесе.
|