| Оддржана седница на Совет на Општина Штип |
| Среда, 01 Февруари 2012 09:52 | |||
|
Усвоена е и Предлог-Одлуката за поддршка на проектот „Образованието е клуч за подобра иднина на родителите и учениците Роми“ како и Предлог-Одлуката за давање согласност на Одлуката на УО на ЈП „Исар“-Штип за започнување на постапка за доделување на договор за јавно приватно партнерство. Советниците ја прифатија и Предлог-Одлуката за одобрување на финансиски средства на здружение на граѓани „Градски хор Штип“ и Предлог-Одлуката за одобрување на финансиски средства по јавен повик за материјална поддршка на спортски клубови на подрачјето на Општина Штип за 2012 година. Со оваа одлука се одобруваат средства з акотизација на поголем број спортски клубови, меѓу кои и ФК „Брегалница 2008“ и БК „Балканец“, како и за други клубови. Прифатена е и Предлог-Одлуката за финансиска поддршка на проектот „Подигање на свеста на средношколската младина за сексуално преносливите болести и можните последици од нив во насока на превенција на истите“ и Предлог-Решението за разрешување член на Локален совет за превенција. Советот го прифати и Предлог-Решението за изменување на Решението за именување членови на Локален совет за превенција. Прифатена е и Предлог-Програмата за работа и активности на Сојуз на училишен спорт на Општина Штип за натпреварувачка 2012 година по што беа разгледани и прифатени четири извештаи:Извештајот за реализација на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Штип 8 ноември 2011 година, за реализација на Програмата за одбележување на Денот на градот 19 декември – Свети Никола, потоа за работењето на комуналната инспекција за периодот од седми до дванаесетти месец за 2011 година, извештајот за работењето на инспекцијата за животна средина за период од 01.07.2011-31.12.2011 година и на крајот извештајот за состојбата и користење на средствата од самопридонесот за период од 01.07. до 31.12.2011 година. Советот дополнително ја усвои одлуката за задолжување на Општина Штип кај јапонската банка, за кредит за преадаптација на филтер станицата за прифаќање на водата од ХС „Злетовица“. Последната точка на дневен ред беа советничките прашања.
|