|
Петок, 03 Февруари 2012 15:52 |
 Како дел од проектот за поддршка за имплементација на Стратегијата за Ромите , денес во Штип се оддржа работилница за ревизија/развој на локални акциони планови.
Меѓу прашањата на кои се дискутираше беа: Зошто општината треба да има акционен план за ромите, визија и поставување на цели според СМАРТ методологија, тазвивање на концепт на ЛАП и друго. Проектот е финансиран преку фондовите на Европската Унија.
На работилницата учествуваа околу 15-тина претставници на институции од Штип меѓу кои, училишта, локалната самоуправа (етнички заедници, образование, социјални работи) како и претставници на НВО.
|