|
Петок, 03 Февруари 2012 16:01 |
 Денес се оддржа 25-тата седница на Комисијата за еднакви можности со една единствена точка на дневен ред - Координација на понатамошните активности за проектот „Подигање на свеста на средношколската младина за сексуално-преносливите болести и можните последици од нив во насока на превенција на истите“.
Советниците одлучија проектот кој активно се одвиваше во 2010/2011 година да продолжи и оваа година. Истата предвидува едукација на учениците за сексуално преосливи болести, издавање на брошури и тестирање со цел утврдување дали доволно се запознаени со овие болести но и колку научиле од претходните циклуси. Исто така е предвидена едукација и за родителите.
|