| Оддржана седница на Комисија за финансирање, буџет и ЛЕР |
| Петок, 17 Февруари 2012 13:39 | |||
|
Комисијата го прифати извештајот за реализираните активности на Општина Штип од областа на социјалната, детската и здравствената заштита за 2011 година и предлог-програмата за активностите на Општина Штип од областа на социјалната заштита. Советниците го прифатија и барањето за доделување финансиски средства за реновирање на спортската сала во ООУ „Димитар Влахов“ Штип и барањето за доделување финансиски средства за реконструкција на таванскиот дел на влезот на училиштето „Ванчо Прке“ Штип. Беа усвоени четири барања од грашани кои се однесуваа на доделување еднократна парична помош за лекување. Од областа на спортот, Комисијата ги прифати барањата на фудбалските клубови во месните и урбаните заедници за доделување финансиски средства и барањето од КК „Астибо“ за доделување финансиски средства за котизација. Исто така советниците го усвоија и барањето од клубот за џиу-џицу – „Осенсеи“- Штип за доделување финансиски средства за организирање на државно првенство во џиу-џицу а не беше прифатено барањето од алпинистички клуб „Астрајон“ Штип за доделување финансиски средства за котизација. На крајот, прифатен беше извештајот за потрошените средства кои беа доделени на здружението „Капсула култура“.
|