Дома Настани Отворени понудите од тендерот за уредување на централното градско подрачје во Штип
Отворени понудите од тендерот за уредување на централното градско подрачје во Штип
Петок, 17 Февруари 2012 14:08

ponudi-tender-ureduvanje-centar-17022012-1Денес во Општина Штип, на пладне беа отворени понудите од тендерот за уредување на централното градско подрачје. Четири фирми се пријавија на меѓународниот тендер, од кој една фирма од Штип, една фирма од Скопје и две од Софија (Бугарија).

Првата понуда беше од скопската фирма „Синтек“ а вредноста изнесува 101.241.339 денари. Втората понуда беше на бугарската фирма Кибилд (Keybuild) од Софија, со вредност од 98.365.910. Третата понуда е на фирмата „Бетон“ од Штип, со вредност од 92.932.199 денари и последната понуда на бугарската фирма Трејс Груп (Trace Group Hold) со вредност од 162.460.900 денари.

Во следните 10 дена ќе биде извршена евалуација на документацијата од сите фирми-понудувачи по што ќе биде избран најповолниот понудувач со кој ќе биде склучен договор.

Тендерот е дел од проектотponudi-tender-ureduvanje-centar-17022012-2 за уредување на централното градско подрачје согласно кредитот од Светската банка со кој се предвидува изградба на паркинг-платформи во коритото на река Отиња. Согласно истиот, ќе бидат конструирани пет паркинг платформи, а предвидено е и спуштање на нивото на коритото на река Отиња која го дели градот на два дела. Со тоа ќе се овозможи и уредување на коритото и негово урбанизирање.

Инаку првата фаза од проектот која предвидува реконструкција и обнова на градскиот плоштад е во тек и треба да заврши до крајот на април оваа година.

ponudi-tender-ureduvanje-centar-17022012-3ponudi-tender-ureduvanje-centar-17022012-4ponudi-tender-ureduvanje-centar-17022012-5

 

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Mostly Cloudy Mostly Sunny Showers
12°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер