| Почнаа предавања за недискриминација |
| Понеделник, 20 Февруари 2012 15:18 | |||
|
Снежана Санева од Општина Штип и Катерина Димкова од НВО „Деметра“ на учениците од два класа во прва година од штипската гимназија им ја претставија брошурата за недискриминација, презентирајќи им сознанија за видовите на дискриминација, како истата да се препознае но и како младите да се заштитат од неа. Предавањата се реализираа во паузата од меѓусмените со почеток во 13:00 часот. Со денешното претставување, отпочна и серијата на предавања низ штипските училишта на тема недискриминација.
|