Дома Настани Отворена реновираната кујна во клон „Пчелка“ на детска градинка „Вера Циривири-Трена“
Отворена реновираната кујна во клон „Пчелка“ на детска градинка „Вера Циривири-Трена“
Вторник, 21 Февруари 2012 13:02

renovirana-kujna-d.gradinka-V.C.Trena-21022012-1Денес беше отворена реновираната кујна на клонот „Пчелка“од детската градинка „Вера Циривири-Трена“. Кујната во склоп на клон „Пчелка“ е приемна кујна, и датира уште со отварањето на градинката, па затоа и не ја задоволуваше современата стандардизација заради што имаше потреба од нејзина реконструкција.

Одделението за локален економски развој при Општина Штип во септември 2011 аплицираше со проектот „Безбедна исхрана за најмалите“  до Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје и по еден месец потпиша договор за обнова на истата. Со Договорот се одобрија 233.360,00 денари или 3.804 евра.

На денешното отворањеrenovirana-kujna-d.gradinka-V.C.Trena-21022012-2 на кујнатаприсуствуваше делегација на Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје предводена од заменик амбасадорот Валтер Лојкс, потоа Франк Штесел (Прв секретар) и Јованчо Ефтимов (Одговорен за мали проекти од Амбасадата).

Градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов, во својство на домаќин се заблагодари за донацијата и за успешно реализираниот проект:

- Не станува збор за големи средства, но ако се види каква била кујната пред обновата и каква е сега со овие средства, ќе се заклучи дека ова се паметно потрошени пари и дека со нив е направен голем успех.

renovirana-kujna-d.gradinka-V.C.Trena-21022012-3Заменик Амбасадорот Лојкс, исто така задоволен од искористувањето на средствата:

- Финансиските средства се мали но кога се во прашање децата, овој проект има одлични резултати и се искористени на вистински начин. Германија е голем пријател на Македонија и ние остануваме заеднички да работиме.

Проектот опфати реновирање на кујната кое се однесува на промена на ѕидни и подни плочки, глетување и бојадисување на ѕидовите и таванот, реновирање на постојната водоводна мрежа и замена на старите кујнски елементи /горни и долни/ со нови.

renovirana-kujna-d.gradinka-V.C.Trena-21022012-4renovirana-kujna-d.gradinka-V.C.Trena-21022012-5renovirana-kujna-d.gradinka-V.C.Trena-21022012-6

 
prijavi-problem-5

Временска прогноза

Mostly Cloudy Mostly Sunny Showers
12°C 23°C 21°C
Вто Сре Чет

Календар

Мај 2012
П В С Ч П С Н
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер