|
Четврток, 14 Јануари 2010 14:26 |
|
Штипјани вчера масовно го одбележаа празникот на свети Василиј Велики (Василица) кога истовремено се слави и Стара Нова година. Голем број на граѓани беа присутни на Суроварската вечер околу Василичарскиот оган што секоја година традиционално се пали во УЗ Железничка.
Така беше и годинава а тоа го стори градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов откако претходно беше скршен традиционалната суроварска погача.
Присутните граѓани беа почестени со топол чај и други напитоци. Традиционалната суроварска прослава беше одбележана и со мал огномет, со песни и игри. Суроварски огнови во чест на Василица се палеа и во други урбани заедници.

|